„НЕ“ за барокот, ГТЦ е симбол на слободно Скопје

Од:

И синоќа граѓаните го кажаа своето „НЕ“, на Градскиот трговски центар да му се стави барокно руво.

Испратено е и барање до премиерот Никола Груевски за средба.

Во писмото јасно се кажува дека интервенцијата на трговскиот центар е вандализам и со тоа објектот ја губи смислата на своето постоење.

Организаторите испратиле писмо и до менаџерски тим на ГТЦ, но сè уште немаат одговор.

Досега на петицијата „Го сакам ГТЦ“ се потпишале 5.000 граѓани. ДУП-от за овој објект предвидува само обнова на фасада, а не негова надградба и реконструкција, како што содржи идејното решение.

И синоќа се пишуваа пораки идеи и препораки до архитектите на новата фасада на ГТЦ, се оставаа мислења за за самиот ГТЦ: „Зошто го сакам ГТЦ?“.

Еве дел од пораките:

[nggallery id=208]

„Затоа што е многу убав“,

„Не за барокот“,

„ГТЦ е симбол на слободно Скопје“,

„Затоа што е дел од мојата младост“,

„Затоа што никој нема право да го облекува во барок“.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов