Не помина иницијативата за амнестијата на Чавков пред Уствен

Од:

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го оспори Законот за амнестија од 2018 година за крвавиот четврток.

Спорно, според Чавков беше тоа што станува збор за ист кривично-правен настан, а има нерамноправност во амнестирањето како чин на милост на државата, односно некои биле, а некои не биле амнестирани за истиот настан.

Судијата Стојановски, како судија известител рече дека Уставниот суд не може да се стави во улога на Собранието и да определува кого да амнестира. “Уставниот суд не може да се стави на место на Собранието и да ја врши неговата улога за тоа зошто некои имаат, а некои немаат право на амнестија. Уставното овластување на Собранието е негово право да го определи видот и степенот на кој се однесува амнестијата”, рече Стојановски.

Според него, не се поставува прашањето за согласноста на иницијативата на Чавков со Уставот, бидејќи тоа е прашање за кое расправа и го определува Собранието.

За упадот во парламентот од 27 април 2017 година од 33 обвинети и осудени, 15 беа амнестирани. Чавков беше осуден на 18 години затвор. Меѓу нив се пратениците, Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, кои потоа гласаа за уставните измени и промена на името.

Амнестирани беа и Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски кои беа водачи на протестите на „За заедничка Македонија“.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески