Не ми е важно каде ќе ја дочекам одлуката, само сакам разрешница, кажа таткото на Вања на седница во Врховниот суд

Од:

Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, само сакам разрешница, кажа Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска на јавната седница во Врховниот суд, по жалбата која беше поднесена од адвокатот Владимир Туфегџиќ за продолжениот притвор.

„Поделен сум на два света, едно дете ми зедоа, другото ми е тука. Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, само сакам да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, рече Ѓорчевски.

Туфегџиќ пак, кажа дека бара укинување на притворот за Ѓорчевски и посочи дека одлуката на Апелацискиот суд Скопје е во спротивност со Европската конвенција за човекови права.

„Притворот трае речиси четири месеци, а нам не ни е дадена барем една индиција дека обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело“, кажа адвокатот на Ѓорчевски.

Според обвинителката Наталија Тасевска од државното Јавно обвинителство, Апелациониот суд донел јасно и недвосмислено решение за продолжување на притворот.

„Истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело – грабнување. Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите“, кажа обвинителката.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека давал информации на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо, за движењето на неговата ќерка.

Би можело да ве интересира

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Убиство во Мостар, се утврдува идентитетот на починатиот

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена