Не дојдоа адвокатите на ВМРО-ДПМНЕ и на Илија Димовски – судијата ги опомена дека нема да толерира нови одлагања

Од:

Поради отсуство на адвокатите на ВМРО-ДПМНЕ, Дончо Наков и адвокатот на Илија Димовски, Петат Василев, повторно, по вторпат беше одложено судењето за случајот „Талир” на СЈО.

Судијата го добил поднесокот од адвокатот Василев 15 минути пред почетокот на судењето во кое пишува дека ќе оди на патување во странство. Адвокатот Донче Наков, кој е бранител на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не се појави на судењето. Судијата Осман Шабани ги опомена обвинетите и нивните адвокати дека еднаш поради отсуство на Илија Димовски дозволил одлагање, но тоа понатаму нема да го дозволува.

„Во иднина тоа нема да го толерирам”, рече Шабани, кој само ги опомена и не ги казни адвокатите за неприсуство. Следните рочишта се закажани за 2 и 16 април.

Во предметот „Талир“ обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која лани призна вина и доби условна казна.

СЈО тврди дека обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во готовина, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на различни имиња. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски