ВИДЕО: „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Од:

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот четврток на 7 години затворска казна. Меѓу демонстрантите во првите редови е и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Граѓаните носеа пароли со натписи „Правда, правда“, „Нема правда, нема мир“, „Стоп на полтички монтирани процеси“, „Да живее правдата“, „Да се спаси човек не е тероризам“.

Тие побараа од премиерот, Зоран Заев да се заложи за случајот, бидејќи тој бил присутен на настаните во Собранието на 27-ми април. Му порачаа дека не бараат правда, туку милост.

На протестот говорепше Маида Јашари, братчетка на Фета која ги повика надлежните да го чујат нивниот глас и да го ослободат Алими.

„Да се стави крај на селективна правда и монтираните процеси. Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски се ослободија иако беа виновни за 27 април, а Фета кој спаси човечки живот е во затвор, ова ли е правда“, рече Јашари.

Салије Јашари, роднина на Фета рече дека ќе протестираат секој втор ден пред суд додека не го видиат дома, Фета.

Протестот почна од плоштадот „Скендербег“, по повик на синот Фета Алими, Бурим Алими, кој рече дека целта е да се испрати порака дека се против политички монтирани случаи.

Абдулфета Алими на крвавиот четврток беше присутен во Собранието како дел од собраниското обезбедување. Според пресудата, тој не презел ништо за да го спречи насилството во законодавниот дом кое се случувало пред него. При изрекување на казната, Судот го зел предвид и фактот што Алими го спасил пратеникот Зијадин Села, и затоа му определил пониска казна. Алими од сите 16 обвинети за крвавиот четврток доби најниска казна.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски