Наставник претепал ученик во Тетово

Од:

43 годишен наставник од средно училиште во Tетово доби кривична пријава за инцидентот кој се случи во декември кога наставникот беше пријавен во полиција за напад врз ученик.

Според информациите 43 годишниот наставник физички го нападнал ученикот за време на час.

Во информацијата од МВР стои „ СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. На 13.12.2022 во средно училиште во Тетово, пријавениот, додека одржувал настава, физички нападнал еден ученик.“

Ова не е прв случај наставник физички да се пресметува со ученик и тоа во период од само неколку месеци.

Претходно во Ноември полицијата го лиши од слобода Б.Ш.(44) од тетовското село Нераште, по пријава дека физички нападнал ученик. 39 годишниот татко од село Пршовце, Тетовско пријавил дека неговиот малолетен син на 11 ноември 2022 околу 10:30 часот додека бил на училиште бил физички нападнат од пријавениот, кој бил негов наставник.

Во Октомври пак Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против наставник од село Броштица, општина Центар Жупа, кој физички нападнал ученик.

Кривична пријава доби  С.М.(62) од селото Броштица, општина Центар Жупа, кој на 17 Октомври во 8:50 часот, во просториите на подрачното основно училиште каде бил наставник, физички нападнал ученик, го застрашувал и навредувал.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година