АД ЕЛЕМ му ги достави на кривичниот суд доказите на англиски и чешки јазик кои ги побараа второ и третообвинетиот во предметот „Тарифа“ на СЈО.
Нивниот адвокат на денешното рочиште побара време за да бидат преведени и редоследно да се изведуваат. Судијката Софче Гаврилова Ефремова го прифати барањето и го одложи денешното рочиште за 7 февруари. По изведувањето на доказите на одбраната, следуваат завршните зборови и пресудата.
Во „Тарифа“ обвинети се три лица, меѓу кои и Дејан Бошковски, сопругот на ексзаменичката на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, кој заедно со Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски се товаратза злоупотреба на службената положба и овластување.
Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластувањето при јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Тие му овозможиле на конзорциумот, кој подоцна го добил тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немал доставено комплетна документација.
Васко Маглешов