Наскоро ќе започне судењето за пожарот во модуларната болница

Од:

Основниот суд во Тетово денеска соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија, кој во наредниот период по разгледување на обвинителниот предлог треба да ја закаже главната расправа. Предметот е распределен согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).

„Предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф.Б и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и Б. В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22. По прием и разгледување на обвинителниот предлог ќе биде закажана главната расправа“, соопштија денес од Основен суд Тетово.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите. По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

А1он

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Горан Наумовски

Обвинителството ја затвори истрагата за изградбата на модуларните болници, немало злоупотреби

Катерина Ѓуровски

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он