ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Од:

Дел од новинарите кои вчера го следеа судскиот процес за настаните на „Крвавиот четврток“, беа шокирани, бидејќи во еден од сведоците, препознаа директен актер во настаните од „Крвавиот понеделник“.

Милунка Јовановска, од службата за обезбедување на објектот е истата личност на фотографиите и видеата кои го обиколија светот, а која безмилосно ги влечеше и исфрлаше пратениците и новинарите од собраниската сала и од галеријата.

Трајко Вељаноски, како собраниски спикер, ја задржал Јовановска на истата работа и по настаните на 24 декември 2012 година.

Таа вчера во судот се појави во својство на сведок, бидејќи на 27 април 2017, била присутна во Собранието како вработена во службата за обезбедување на објектот. Иако немале директна наредба од претпоставениот, со наредба на обвинетиот Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, таа и колешката дозволиле лица кои се претставиле дека се од УБК да ја отворат просторијата каде што стоеле дисковите од собраниските безбедносни камери.

Од четирите лица што се претставиле дека се од УБК, таа изјави дека познава еден, и тоа обвинетиот Оливер Радулов.

Новинарите беа зачудени од фактот што Јовановска и по настаните на 24 декември и на 27 април се уште работи како собраниско обезбедување. И Талат Џафери нема проблем што лицето кое учествуваше во насилно исфрлање на пратениците се уште се грижи за редот во зградата на Собранието и за безбедноста на пратениците, гостите, медиумите.

Би можело да ве интересира

Таравари ги викнал на средба членовите на Собранието на Алијанса пред седницата која ја свика Села

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска