Насилници нападнале маж на крстосница

Од:

Четворица насилници излегле од возило во кое се наоѓале и нападнале маж оти им укажал да возат повнимателно кој при тоа се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил на 16 октомври, околу 16:20 часот, на крстосницата од ул. „Коце Металец“ со ул. „Ферид Бајрам“ во Скопје, кога четири непознати лица кои биле со патничко возило „Цитроен“, физички го нападнале Г.В. (46) од Скопје.

– Тие го удирале со тупаници и клоци по телото, а едно од нив се обидело да го нападне со нож, но не успеало. Потоа, лицата побегнале во непознат правец. Г.В. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар каде му била констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Причина за физичкиот напад најверојатно била тоа што Г.В. се обидел да им укаже на возилата кои минувале на крстосницата да возат повнимателно, бидејќи претходно се случила сообраќајна незгода во која учествувал неговиот син, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов