Народот ќе плати и неверојатни 8 милиони евра за витрини во Археолошкиот музеј

Од:

Верувале или не, цели осум милиони евра ќе чини опремувањето на Археолошкиот музеј, кој се наоѓа во новиот објект на Уставниот суд, дел од проектот „Скопје 2014“.

„Ангажирана за набавка и монтажа на витрините за музејските експонати, видеонадзорот, комплетната инсталација и друго е „Бетон“ од Штип, која и единствена доставила понуда на тендерот кој го распиша Министерството за култура“, пишува „Утрински весник“.

Ова како што објаснуваат од Министерството за култура за весникот, подразбира опремување на музејската поставка со специјално изработени витрини за чување на археолошките и музејските експонати, опремување на музејскиот простор со аудио и видеосистеми, видеонадзор, поставувања на сите облоги на подовите, плафоните и ѕидовите, целосно поставување на комплетната инсталација и опрема во делот на термотехника, електротехника, хидротехника, ППЗ, како и набавка на мебел и опрема потребни во музејската поставка.

82.000 евра државата ќе ми плати на Градежниот институт „Македонија“ да го врши надзорот при опремувањето.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски