Народната банка со препораки околу исплатата на априлската пензија

Од:

Народната банка апелира до пензионерите кои имаат дебитни картички и кои веќе од утре ќе може да ја подигнат пензијата, да ја користат картичката за плаќање онаму каде е можно безготовинското плаќање.

Се апелира и до оние пензионери кои немаат дебитни картички да го пополнат барањето кое ќе им биде дадено во филијалите и експозитурите при исплата на пензијата.

– Заради заштита на здравјето, да се избегнува користењето готовина, велат од Народната банка.

Оттаму препорачуваат до останатите клиенти на банките во периодот од 8 до 12 часот да се воздржат од одење во банки со цел да им се даде приоритет на повозрасните граѓани кои имаат потреба од банкарски услуги.

Препорака е и при едно одење во банка да се завршат сите банкарски услуги за кои е потребно физичко присуство во експозитурите и филијалите.

– Како што веќе е соопштено, задолжително е да се носи лична заштитна опрема за носот и устата којашто може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките. Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето, велат од Народната банка.

Од Централната банка се надеваат дека ваквиот системски пристап кој ќе се примени за исплата на априлските пензии ќе ги даде очекуваните резултати.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

СДСМ: Нова програма за европска иднина: Просечна пензија од 500 евра

Горан Наумовски

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов