Народна банка: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Од:

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари, соопштија од Народната банка.

Велат „во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика“.

„Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари“ се вели во соопштението од НБ.

Би можело да ве интересира

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Горан Наумовски

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Славески: Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола

А1он