Под влијание на многу топла воздушна маса, до крајот на оваа седмица, како и во текот на наредната работна седмица, времето во Македонијан ќе биде претежно стабилно и многу топло, соопшти УХМР.
Максималните температури на повеќето места ќе бидат над 30, а долж Повардарието и над 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
Повеќе услови за нестабилност има во сабота и во понеделник.
