Нападната вработена во билетарница на ЈСП Скопје

Од:

– Вработена во билетарница на ЈСП на ул. „Жан Жорес“ во Скопје синоќа била напдната од засега непознат сторител, соопшти МВР.

Напаѓачот околу 19.30 часот на ул. „Жан Жорес“, поточно во билетарата на ЈСП бр.15 непознат сторител извршил разбојништво во обид над неа.

Вработената З.Л. (59) околу 19:30 часот ја отклучила и отворила влезната врата на билетарницата со намера да си замине, но била пресретната од напаќачот кој ја фатил за врат и ја турнал внатре. З.Л. пружила отпор, а напаѓачот ја фатил за коса и ѝ ја удрил главата од рамката на вратата, по што почнала да бара помош. Соседите од соседните станбени објекти слушнале, ги вклучиле светлата од дворовите и излегле надвор, по што сторителот побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, информира МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов