Со клоци и тупаници вчера во близина на ТЦ Рамстор била нападната 22-годишна скопјанка, од маж од Турција.
Како што информира МВР, Ч.М пријавила дека на истиот ден околу 16 часот на бул.„Кирил и Методиј“ била физички нападната од страна на Е.С. од Р.Турција, кој ја повлекол за коса и откако ја бутнал на земја ја удирал со клоци во пределот на лицето и телото.
Причина за физичкиот напад била претходна расправија со негов пријател.
МВР работи на целосно расчистување на случајот.