А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нападнат таксист во Ѓорче Петров

by А1он09/11/2017 - 14:20146
Share0

Три момчиња ноќеска нападнале и ограбиле таксист во скопската населба Ѓорче Петров, при што му зеле 9.840 денари и рачен часовник.

Добивај вести на вибер

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска околу 02:20 часот на ул.„Ангел Динев“ во Скопје, во такси возило „Мерцедес“ управувано од скопјанецот В.М. влегле три машки лица на возраст од околу 20 до 25 години и му рекле на возачот да вози во правец на населбата Ѓорче Петров-2. Кога стигнале кај бензинската на „Макпетрол“ тие побарале од таксистот да сврти десно на ул.„Панајот Гиновски“, а потоа застанале пред локален маркет.

Од полицијата велат дека го прашале В.М. колку треба да платат, но во наредниот момент лицето што седело зад возачкото седиште извадило нож и му го ставило ножот под грлото со сериозна закана по неговиот живот. Притоа, му го побарале прометот, а второто лице кое седело на задното седиште зад совозачкото го удрило В.М. со тупаница во пределот на лицето, додека третото лице кое било на совозачкото седиште од десниот џеп му одзело околу 9.840 денари, а од левата рака му го одзел рачниот часовник марка “Касио Едифис“.

По ова трите лица излегле од возилото и побегнале. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

incidenti

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска17/05/2023 - 21:4517/05/2023 - 21:46

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски16/05/2023 - 16:4417/05/2023 - 21:35

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски20/07/2022 - 16:2620/07/2022 - 19:51

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов27/06/2022 - 14:3327/06/2022 - 20:13

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов16/03/2022 - 10:0916/03/2022 - 11:06

Вработена во тетовската болница пријавила физички напад од колега

Ана Ололовска13/01/2022 - 12:3913/01/2022 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен