37-годишен скопјанец во текот на вчерашниот ден во полициската станица Центар пријавил дека околу 13 часот и 30 минути, во спортска сала на улица „Лазар Личеноски“ по завршување на кошаркарски натпревар на кој тој бил судија, физички бил нападнат од страна на непознато лице.
По пријавата од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.