Нападнат со нож и ограбен 16-годишник во Скопје

Од:

Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа било донесено 16 годишно момче со расекотини од нож во пределот на грбот, откако претходно, според пријавата во полицијата, било нападнато од пет непознати лица на кејот на Вардар во близина на хотелот „Александар Палас“.

Според пријавата, нападот се случил синоќа околу 19 часот, при штопетте непознати лица заканувајќи му се на малолетникот со нож, му одзеле 400 денари, а потоа физички го нападнале по што со ножот му нанеле расекотина во пределот на грбот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов