Намален бројот на заболени од грип во Крива Паланка и Ранковце

Од:

Бројот на лица заболени од грип на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце се намалува. Според податоците од Хигиено-епидемиолошка служба во февруари бил регистириран само еден случај на ова вирусно заболување.

– Од декември 2016 до февруари 2017 година регистрирани се вкупно 97 лица заболени од грип, и тоа претежно на возраст од 15 до 64 години, информира д-р Елена Крстевска од подрачна единица на ХЕС, Центар за јавно здравје, Крива Паланка.

Споредено со истиот период минатата сезона на грип 2015/2016 биле регистрирани најголем број случаи во јануари и февруари.

– Мината сезона во декември немало ниту еден случај на заболен од грип, додека поголема циркулација на заболени имало во јануари и февруари. Оваа година, пак, за среќа, бројката на заболени од грип опаѓа како што изминува сезоната, така што во февруари имавме само едно лице заболено со грип, додека во февруари 2016 година таа бројка изнесувала 36, додаде Крстевска.

Во периодот на имунизација во октомври 2016 година во подрачната единица на ХЕС, Крива Паланка, биле дадени 160 дози вакцини против сезонски грип. Најголем процент од граѓаните кои ја примиле вакцината се хронично болни лица над 65-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ