Намален бројот на сообраќајни незгоди во Крива Паланка и Ранковце

Од:

Бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во првите шест месеци од 2017 година бележи намалување од 19,3 отсто.

Регистрирани се 25 незгоди, шест помалку од истиот период минатата година, кога биле регистрирани 31 незгода, се наведува во Информацијата за преземени мерки и активности во текот на првото полугодие од 2017 година од Полициска станица од општа надлежност, Крива Паланка, презентирана на 45-тата седница на Советот на општината.

Намалување се бележи и кај сообраќајните незгоди со потешки последици и тоа за 46,7 отсто. Регистрирани се 8 незгоди, додека лани во истиот период биле регистрирани 15. Во седум незгоди има повредени лица, а во една сообраќајна незгода загинало едно лице. Во незгодите загинало едно лице-возач, а со тешки телесни повреди се здобиле десет лица.

Во Информацијата од ПС ОН, Крива Паланка се наведува дека во извештајниот период се случиле 17 незгоди само со материјална птета, што покажува дека се намалени за шест отсто.

Најчеста причина за настанување на незгодите се недржење пропишано растојание, брзо возење и неприлагодена брзина според условите на патот и непрописно престигнување, а полицијата издала и 127 прекшочни платни налози.

На превентивно–репресивен план, за управување под дејство на алкохол, без возачка дозвола, како и управување на технички неисправно или нерегистрирано возило, исклучени се 81 возач и 23 возила.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка