Најстудено во Маврово – 4, а најтопло во Дојран 5 степени

Од:

Времето изутринава е сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Најладно било во Маврово – 8 степени, а најтопло во Дојран каде се измерени пет степени.

Во Берово и Лазарополе се измерени и – 6 степени, во Битола и Крушево – 5, во Скопје Петровец, Охрид, Претор, Тетово и Дебар – 4 степени, во Крива Паланка и Прилеп – 3, во Скопје на Зајчев Рид, Куманово, Струмица, Демир Капија и Пожаране -2, во Штип и Кавадарци -1, во Виница 0 и во Гевгелија 4 степени Целзиусови.

Висината на снежната покривка изнесува 49 сантиметри во Маврови Анови, 31 во Лазарополе и 16 во Крушево.

И денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло време ќе се задржи до сабота, што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините.

В недела облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, на некои повисоки места во западните делови од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска