Најстудено изутринава е во Битола и во Берово каде што се измерени минус 22 односно минус 20 степени целзиусови.
Следуваат Прилеп со -15, Тетово -14, скопски Петровец -13, а во Скопје се измерени минус седум степени. „Најтопло“ утрово е во Гевгелија и во Дојран со минус четири степени.
УХМР информира дека на Попова Шапка има сне\на покривка од 38 сантиметри, во Маврово 28, а во Крушево 25.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6, а во делови од Пелагонија околу -7 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена, а попладне и во вечерните часови значителна облачност. Максималната температура ќе достигне до еден степен.