Најстудено во Берово, минус два, денеска температура до 26 степени

Од:

Во Берово утринава се измерени -2 степени, додека во останатите градови во државата утринските температури се сеуште над нулата. Најтопол град е Крушево каде утрово се измерени 11 степени.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи во Петровец кај Скопје, Битола, Струмица и Тетово измерени се 0 степени, 2 степени во Маврово и Демир Капија, 3 во Прилеп и Штип, 4 кај Зајчев Рид во Скопје, 5 во Крива Паланка, Лазарополе, Охрид и Гевгелија, 6 во Куманово и Претор, 8 во Виница и 10 во Дојран.

Утринава времето е ведро, на места со слаб ветер претежно од северен правец. Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала облачност и слаб југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 23 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски