Најстудено во Берово -12 степени

Од:

Најниски температури од -12 степени утрово се измерени во Берово, -10 во Демир Капија и Скопје Петровец, -9 во Куманово, Струмица и Битола, -8 во Тетово, Штип и Прилеп, -7 во Крива Паланка, Маврово, Дебар, Скопје-Зајчев рид и Гевгелија, -5 во Лазарополе, -4 во Виница, Охрид и Претор, -3 во Тополчани, -2 во Ѓуриште, Пожаране и Крушево и -1 во Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и претежно тивко.

До крајот на денот времето ќе биде сончево, во западните делови со мала до умерена локална облачност. Во источните делови ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со температура до 4 степени.

Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во средината на неделата поради спуштање на постудена воздушна маса и умерен ветер претежно од североистичен правец.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски