Најстудено утрово во Берово и Петровец

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северозападен и западен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северозападен и западен правец.  Температурата ќе достигне до осум степени целзиусови.

Изутринава е доста студено, но на планините температурите се значително повисоки во однос на котлините. Таква распределба на вредностите на температурата ќе има и преку денот.

Во 7 часот во Скопје (Петровец) и во Берово е измерена темпреатура од минус шест, во Битола минус пет, минус четири во Демир Капија и Тетово, минус три во Куманово, Струмица и во Кавадарци, минус два во Скопје на Зајчев Рид, во Прилеп и во Дебар, минус еден во Гевгелија и Крива Паланка, нула во Охрид и во Лазарополе, два во Виница, четири во Маврово и седум степени во Крушево.

Воздушниот притисок е за седум мерни единици повисок од просечниот. Денес ќе бележи тенденција на благо опаѓање. Релативната влажност во Скопје изнесува 94 проценти. Во моментов појава на магла има во Скопската котлина и во Демиркаписко.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со умерена облачност. На повеќе места ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. На повисоките места ќе биде значително потопло во однос на котлините. Температурата ќе се движи од осум до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, со слаба магла која ќе се задржи преку целиот ден и со слаб северозападен ветер, а температурата ќе достигне до осум степени.

Значителна промена на временската состојба ќе се случи утре во попладневните часови, особено навечер кога земјава ќе потпадне под влијание на брз продор на студена воздушна маса од север. Продорот ќе биде проследен со умерен до засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата за во ноќните часови да има и врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат исклучиво од снег, меѓутоа и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Само во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд. Овој продор ќе биде доста брз и ќе трае само во ноќните и во утринските часови во сабота. Се очекува во текот на претпладнето во сабота врнежите да престануваат и да дојде до разведрување до крајот на денот, меѓутоа сабота ќе биде доста студено, ќе дува и северен ветар, а дневната температура ќе биде за 10 и повеќе степени пониска во однос на температурите што ги имавме досега.

И во наредните денови ќе се задржи доста студено време и ќе има и серија на влажни бранови. Повеќе врнежи се очекуваат во недела попладне и во понеделник, најпрво со дожд, а потоа и од снег.

До Новогодишната ноќ ќе има неколку влажни бранови кои ќе донесат врнежи од снег. Ќе се формира снежна покривка пред се на планините и на повисоките места, но и во некои котлини. За време на Новогодишната ноќ нема да има врнежи и ќе биде многу студено.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат загаденост на воздухот во Скопје и Тетово. Податоците покажуваат дека во Лисиче мерната станица регистрирала 900 микрограми ПМ10, во Гази Баба близу 800 микрограми, Карпош и кај Ректорат 600, Центар 400 микрограми. Во Тетово мерната станица регистрирала концентрација од 1.000 микрограми на метар кубен. Дозволена концентрација на ПМ10 е 35 микрограми на метар кубен.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска