Најмногу снег во Маврово, Дебар и Пожаране

Од:

Најголема снежна покривка до 7 часот денеска е измерена во Маврови Анови, вкупно 19 сантиметри, следи Дебар со 12 сантиметри, потоа Пожаране со 12, Штип 9, Лазарополе 8 и така натаму, информираат од УХМР.

Истовремено најниска температура денеска од минус 9 степени е измерена во Маврово, по што следат Крушево и Дебар со по минус 7 и Лазарополе минус 6.

Воедно во изминатите 24 часа до 7 часот денеска најголем воден талог беше измерен во Лазарополе, Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Битола.

Во тек на денешниот ден времето ќе биде облачно и не многу студено со повремени врнежи претежно од снег. Дневните температури во Скопје, се очекуваат до 2 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски