А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Најмногу дожд во Струмица, 71 литар на метар квадратен

by А1он26/05/2017 - 08:5826/05/2017 - 08:5863
Share0

Во Струмица изминатите 24 часа наврнале 71 литар на метар квадратен воден талог, соопшти УХМР.

Добивај вести на вибер

Врнежите достигнале осум литри во Крива Паланка, 14 во Штип, 16 во Битола, 17 во Дебар, 18 во Скопје, Берово и Охрид, 19 во Прилеп, 20 во Виница, 21 во Гевгелија, 22 во Тополчани, 23 во Демир Капија, 24 во Маврово, 25 во Претор и Крушево, 26 во Тетово, 28 во Куманово и Лазарополе, 32 во Пожаране, 35 во Дојран и 36 литри во Ѓуриште.

Утрово најстудено е во Крушево, Маврово и Лазарополе, со измерени минимални шест степени, додека највисока е температурата во Дојран, 13 степени. Седум степени е во Ѓуриште и Тополчани, осум во Пожаране, девет во Претор и Охрид, 10 во Берово, Крива Паланка, Прилеп, Тетово и Куманово, 11 во Штип, Битола, Скопје Петровец, Виница и Скопје, 12 во Демир Капија, Гевгелија и Струмица.

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, изразен во северните делови.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен локален дожд, особено попладне. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со услови за слаб дожд и со умерен до засилен сетер од северен правец.

Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен