Најмногу дожд во Лазарополе, најстудено на Шапка

Од:

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 14 литри на метар квадратен, наврнал во Лазарополе, во Охрид и Дебар се измерени 8 литри, во Претор и на Попова Шапка 6, во Маврово и Пожаране 5, во Крива Паланка и Тетово 4, во Куманово 3, во Скопје-Зајчев Рид и Петровец, Прилеп, Виница, Крушево и Ѓуриште 2, додека по еден литар на единица површина наврнал во Битола, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Берово, Тополчани и Пожар.

Утрово е најстудено на Попова Шапка, 0 степени, а најтопло, со максимални 12 степени, е во Гевгелија и Дојран. Два степена е во Лазарополе, 3 во Маврови Анови, 5 во Крушево, 7 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Берово, 8 во Прилеп, Тетово и Дебар, 9 во Скопје-Петровец и Зајчев Рид, Штип, Битола, Виница и Куманово, 10 во Демир Капија и 11 во Струмица.

Времето во моментов е облачно со повремени врнежи дожд. И во текот на денот се очекува да биде облачно и посвежо со повремени врнежи. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски