Најмногу дожд во Куманово, најстудено во Лазарополе

Од:

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Куманово, 44 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп, три литри.

Како што информира УХМР, до осум часот утрово водниот талог достигна 36 литри на метар квадратен во Пожаране, 29 во Пожар и Лазарополе, 26 во Маврово, 25 во Берово, Крива Паланка и Дојран, 21 во Крушево, 20 во Претор и Ѓуриште, 19 во Струмица, 18 во Штип, Гевгелија и Виница, 16 во Охрид, 15 во Скопје Петровец и Тетово, 14 во Битола, 11 во Скопје Зајчев Рид, девет во Демир Капија и осум литри во Тополчани.

Најстудено е во Лазарополе, еден степен, а максимални десет степени се измерени во Штип, Скопје, Струмица, Дојран, Гевгелија и Куманово. Во Тетово е девет степени, во Виница и Демир Капија осум, во Ѓуриште, Крива Паланка и Дебар седум, во Берово, Прилеп и Охрид шест, во Битола, Претор и Охрид, Тополчани и Пожаране пет, во Пожар четири, а во Маврово два степена.

Според УХМР, до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Утре се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд и со умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. И во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и релативно свежо време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а ќе има и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски