Најмногу дожд наврна во Лазарополе

Од:

Времето денеска беше променливо облачно, ветровито и значително посвежо, претпладне на повеќе места со повремен локален слаб дожд. Облачноста се преместуваше кон југоисток, а попладнево зголемена облачност има само на запад.

Преку денот дуваше умерен северозападен ветер кој долж Повардарието и на повисеките места засилуваше. Умерен ветер има на крајот од денов.

Најмногу дожд денеска наврна во Лазарополе, Претор, Битола, Маврово, Струмица, Крива Паланка и Охрид.

Вечерва малку повеќе облачност ќе има се уште на западот, но и таа ќе се намалува. Ќе остане да дува слаб и повремено умерен северозападен ветер, најизразен во Повардарието.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски