Најмногу дожд наврна во Берово, нестабилното време ќе продолжи и наредните денови

Од:

Најмногу дожд во текот на вчерашниот ден и синоќа наврна во Берово 25 л/м2, во Крива Паланка 18, во Тополчани 17, во Дојран и Ѓуриште 12, Скопје – Зајчев Рид 11, Струмица 10, Гевгелија девет и во Куманово 7 л/м2.

Преку ноќта беше нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, особено во северните и североисточните делови. Локално процесите беа поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и според радарските слики и можна појава на град. Во раните утрински часови атмосферата се стабилизира, така што утрово насекаде е сончево со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно од пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м2 дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

Утре ќе преовладува сончево со умерена облачност, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. И во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, која ќе биде повеќе локализирана.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски