А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Најмалку 18 земји го избраа јуни за одржување на изборите одложени поради коронавирусот

by Маја Илиевска-Пачемска19/05/2020 - 20:2719/05/2020 - 21:173193
Share0

Најмалку 18 земји во светот се подготвуваат за избори во јуни откако ги одложиле првично закажаните термини поради пандемијата, а најмалку 24 земји ги одржале изборите и покрај опасноста од коронавирусот, покажа истражување на „А1он“. Во периодот од 21 февруари до 17 мај годинава најмалку 56 земји во светот одложиле избори или референдуми поради опасноста од ширењето на коронавирусот, а најголем дел од нив веќе избрале нов датум за избори во периодот јуни – август годинава по укажувањата од здравствените власти дека следи стабилен период за коронавирусот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од европските земји избори во јуни веќе се закажани во Франција на 21 јуни, каде што треба да се одржи втор круг од локалните избори, првично закажан за 22 март.

Истиот датум, 21 јуни, за парламентарни избори го избра и Србија, каде што изборите беа закажани за 26 април.

За претседателските избори во Полска кои беа закажани за 10 мај, се бара нов термин во јуни или јули.

Следете a1on на Youtube YouTube
Полска бара нов термин во јуни или јули за претседателските избори кои требаше да се одржат на 10 мај

Во периодот 21 јуни до 01 јули датум за парламентарни избори ќе одреди и Хрватска за да се избегне гласање наесен, како што предвидува изборниот календар во земјата.

Најмалку 12 држави во Америка, според објавите во медиумите, одбраа датуми за избори во јуни, откако не ги одржаа во првично закажаните термини поради пандемијата. На втори јуни избори се закажани во Конектикат, Делавер, Охајо, Пенсилванија, Роуд Ајланд и Индијана. Одложените избори се закажани на деветти јуни во Џорџија и Западна Вирџинија, на 20 јуни во Луизијана и на 23 јуни во Кентаки и во Њујорк.

Најмалку 12 држави во Америка одбраа датуми за избори во јуни

За избори на 20 јуни се подготвува и Шри Ланка каде што на 25 април требаше да се одржат парламентарни избори.

Парламентарни избори на 19 јули ќе одржи и Сирија која ги одложи изборите планирани за 13 април.

Вториот круг парламентарни избори во Иран кој требаше да се одржи на 17 април е преместен на 11 септември годинава, а Индонезија изборите планирани за 23  септември ги премести на 9 декември.

Во периодот 21 јуни до 01 јули датум за парламентарни избори ќе одреди и Хрватска за да се избегне гласање наесен, како што предвидува изборниот календар во земјата

И покрај опасноста од корнавирус во најмалку 24 земји се одржаа избори во периодот февруари – мај. На 21 февруари парламентарни избори имаше Иран, на 22 февруари дополнителни избори имаше Тајван, а на 29 февруари се одржаа парламентарни избори во Словачка.

Во март избори имаа Израел, Гвајана, Тајван, Франција, Германија, Молдавија, Доминиканска Република, Аризона, Флорида, Илиноис, Вануату, Бангладеш, Полска, Гвинеја, Камерун, Канада, Мали, Австралија, Луцерн, Швајцарија Сенедад и Ирска.

Во април избори имаше во Женева, Швајцарија

Во април избори одржаа Швајцарија-општински избори во Женева, Висконскин, Кирибати, Јужна Кореја, Охајо, Мали и Јапонија.

На сите овие места, според извештаите на набљудувачите, биле преземени мерки за претпазливост и заштита од коронавирусот за време на гласањето освен во Кирибати, каде што на 14 април, кога пандемијата беше во полн ек, се гласало како вообичаено.

Во неделата се одржаа избори во Бенин, Африка и покрај тоа што бројот на заразени е во пораст, а регистрирани се и смртни случаи во државата.

На 29 февруари и покрај опасноста од короавирусот се одржаа парламентарни избори во Словачка

Избори во текот на летото кај нас предложи владејачката СДСМ. Лидерот Зоран Заев по двете лидерски средби на кои не беше договорен датум за изборите, рече дека доколку нема договор, откако ќе заврши вонредната состојба ќе течат 22 – та дена до избори, согласно Уредбата со која беа одложени. Вонредната состојба, доколку во меѓувреме не биде продолжена, истекува на 30 мај, со што изборите треба да се одржат на 21 јуни.

„Остануваме отворени за договор. Нека покажат како согласно закон и Устав може да се одложат изборите оти нема да дозволиме неуставно одлагање затоа што една претставка до Уставен суд може да ги урниса изборите. Имаме можност за договор уште неколку дена. Кога ќе стапат на сила законските рокови од Уредбата, мора да ги почитуваме сите“,  рече лидерот Заев.

„Нека покажат како согласно закон и Устав може да се одложат изборите, една претставка до Уставен суд може да ги урниса“, Зоран Заев.

Тој нагласи дека аргумент плус за избори во јуни е тоа што Македонија нема функционален парламент и има техничка Влада. Ги посочи Хрватска и Србија кои иако не функционираат со технички влади, се одлучиле за избори во јуни за да избегнат избори наесен.

Лидерот на најголемата опозициска партија, пак, Христијан Мицкоски, предлага изборите да се одржат на 23, 30 август или на 13 септември.

„Ги предложивме термините на крајот од август и почетокот на септември како термини за кои цениме дека пандемијата ќе го намали интензитетот“, рече лидерот Мицкоски.

Христијан Мицкоски предлага изборите да се одржат на 23, 30 август или на 13 септември

Македонија е меѓу најмалку 56 земји во светот кои ги одложија изборите поради коронавирусот.

На списокот земји од Европа што одложиле избори поради коронавирусот покрај Македонија се Австрија, Косово, Франција, Чешка, Германија, Шпанија, Црна Гора, Русија, Латвија, Србија, Кипар, Англија, Швајцарија, Италија, Романија и Полска.

Во Америка планираните избори или референдуми беа одложени во 15 земји во САД, Колумбија, Перу, Аргентина, делови од Канада, Бразил, Боливија, Уругвај, Парагвај, Мексико и Доминиканска Република.

На територијата на Азија избори се одложени во Индија, Бангладеш, Пакистан, Киргистан, Сирија, Иран, Шри Ланка, Индонезија и Оман.

На списокот земји кои одложиле некаков вид избори поради коронавирусот во Африка се: Јужна Африка, Тунис, Нигерија, Зимбабве. Гамбија, Замбија, Етиопија, Кенија и Уганда.

Одложени избори има и во делови од Австралија, во Соломонските Острови, Папуа Нова Гвинеја и Кирибати.

hristijan mickoskiizborikoronaviruspandemijaZoran Zaev

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 13:07

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:31

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on15/08/2026 - 14:0115/08/2026 - 18:03

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on15/08/2026 - 13:3215/08/2026 - 13:43

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on15/08/2026 - 12:54

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on15/08/2026 - 12:2515/08/2026 - 18:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео