Најладно во Берово, Дебар, Штип и Тетово

Од:

Најниска температура од -5 степени утрово е измерена во Берово, по што следуваат Дебар, Штип и Тетово со -4, Маврово, Скопје, Струмица и Битола со -3, Кавадарци со -2, Куманово, Демир Капија и Прилеп со -1.

Нула степени се измерени во Лазарополе, Крива Паланка, Претор и Охрид, 3 во Крушево и Гевгелија и 4 степени во Дојран.

Утринава на повисоките места и во југоисточните делови е сончево, а по контлините магловито. На повисоките места во североисточниот регион дува слаб до умерен северен ветер. До крајот на денот на повисоките места и во југоисточните делови ќе биде сончево и релативно топло, а по котлините претпладне магливо и постудено. Попладне во некои од котлините маглата ќе ослаби.

Дневната температура ќе се движи од 8 до 17, а во местата со магла од 1 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и релативно студено претпладне, а во текот на денот ќе има делумно расчистување на маглата. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Управата за хидрометеролошки работи за утре најавува сончево време со мала до умерена локална облачност, со појава на магла по одделни котлини особено претпладне. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе предизвика расчистување на маглата.

Во петок ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, додека во деновите од викендот условите за магла по котлините повторно ќе се зголемат.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска