Членовите на Македонското еколошко друштво (МЕД) на планината Стогово повторно заловија единка од балканскиот рис, и успешно му поставија GPS околувратник и го пуштија во природа.
Станува збор за здрава машка единка, на возраст од 3 до 5 години, со должина на телото 98 сантиметри и тежок 24 килограми. По предолг на членовите на мониторнг мрежата, ново-заловениот рис е именуван како Мартин.
Тимот на МЕД кој работи на проектот „Статус, екологија и окупираност на територијата на критично загрозениот Балкански рис во Македонија и Албанија“ по две и пол години од заловувањето на првиот рис Марко во Националниот парк Маврово и осум месеци од заловувањето на вториот рис Ристе на Лопушник, кичевско маркираа и трета единка од овој загрозен подвид.