Најавени реформи на Болоњскиот процес и на Битолскиот универзитет

Од:

„Искуствата со примената на Болоњската декларација е сегде различна. Позитивни страни има за редовните студенти,за кои на крајот на годината се сумираат сите работи, додека негативни искуства има кај вонредните студенти“, вели ректорот на Битолскиот универзитет.

zlatko zoglevПотребни се и приспособувања во однос на начинот на полагање.

„Посебно некои струки, на пример некој што студира за учител не може да полага писмено или правник. Мора да има за одредени струки и устен дел“, истакнап проф. д-р Златко Жоглев, ректор на УКЛО.

Искуствата покажуваат дека кога се полага писмено сите студенти доаѓаат, а кога се полага усно, тоа е случај само со половина од нив. Кога полагаат писмено повеќето се надеваат на препишување, а тоа е само на нивна штета, вели ректорот.

„Ние направивме систем за спречување, но се направија проблеми околу самиот систем“, вели Жоглев.

Тој најави и аналза за досегашната примена на Болоњскиот процес и на оние места каде што е потребно и реформи:

„Болоњскиот процес овозможува широк спектар знаења. Дека ќе треба да има реформи, ќе треба,а ние ќе треба на ниво на држава, но и посебно – секој во рамките на својот универзитет – да се договориме: што е добро и што да остане, а што да се отфрли или да се измени“.

Би можело да ве интересира

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски