Над еден тон марихуана е запленета во скопски Бутел

Од:

Над еден тон марихуана вечерва е пронајдена и запленета од магацин во скопската населба Бутел, при акција на Бирото за јавна безбедност, преку Одделот за криминалистичка полиција, а за тоа соопшти директорот Сашо Тасевски. Тој кажа дека акцијата е координирана со Обвинителството, а досега уапсено е едно лице кое ќе се гони за недозволена трговија на марихуаната.

„Во рамките на засилените мерки во борбата против недозволената трговија со дрога во координација и насоки со ОЈО Кавадарци во моментов спроведува акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи“, информираше директорот Тасевски.

Како што информираат од БЈБ, истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица инволвирани во случајот на недозволена трговија со марихуана.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он