Околу 120 приговори за новиот ДУП во Расадник, Кисела Вода

Од:

Заврши јавната анкета во општината Кисела Вода, каде граѓани и фирми можеа да поднесуваат приговори и анкетни листови за новиот Детален урбанистички план во Расадник, Кисела Вода, со кој меѓудругото е предвидено да се градат 100 нови згради. Големи реакции во јавноста предизвика планот на општината за овој дел од Скопје, со оглед на тоа што расадникот веќе се гуши со многу згради, тесни улички, сообраќаен хаос, а речиси и да нема никакво зеленило. Над 180 граѓани поднеле петиција за четири парцели од стариот дел од расадникот каде што е предвидено да се градат нови згради, а во тој дел од општината (зад бензинската „Мечкаров“) има само еден запоставен парк, а на половината од паркот сега е предвидено да се гради зграда.

Дополнително, до општината стигнале 119 анкетни листови – дел од граѓаните се жалат на неможноста на наоѓање паркинг место, дел се жалат на густината на населеноста, а поголем дел од анкетните листови се поднесени од приватните сопственици  кои бараат зголемување на бруто развиената површина на своите парцели.

Во рок од 10 дена треба да се разгледаат анкетните листови, а потоа да им се даде одговор на граѓаните. Во зависност од прифатените приговори, ќе се одлучува дали ќе има трета јавна анкета.

Неофицијалните информации се дека за овој план најверојатно ќе има трета јавна анкета. Доколку нема, тогаш планот се праќа во останатите надлежни институции, Градот Скопје и Министерството за транспорт и тие треба да одлучат дали планот ќе биде одобрен. Ако планот не е во согласност со Генералниот урбанистички план (ГУП) или со други законски нормативи, тогаш ДУП-от може да биде вратен на доработка во општината.

Од општината убедуваат дека со новиот план на државните парцели ќе има нови паркови, повеќе зеленило, а предвидена е изградба и на пешачка патека, поликлиника, градинка, основно и средно училиште. Сепак, проблем остануваат приватните парцели кои сега се откупуваат од градежни фирми и таму е предвидено да се градат стотина згради, некои на пет а некои и на тринаесет ката, меѓу кои просторот изнесува само 12 метри.

Би можело да ве интересира

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Општина Карпош не се откажува од постапката да се изгради 12-катница кај Кино Влае

Орце Костов

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода

Два парка и намален број на станбени површини во Лисиче: Општина Аеродром подготви трета верзија на ДУП-от

А1он

Промената на ДУП-от во Карпош за бензинската на „Пуцко Петрол“ е организиран криминал, смета Антикорупциска

Орце Костов