На социјалните мрежи се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Од:

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните мрежи. Засега не е познато кој е автор на фотографијата, ниту пак дали истата е автентична. На фотографијата со Груевски се гледа и Александар Трајковски, еден од обвинетите за случајот „Насилството во општина Центар“, инаку советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба.

Преку вибер порака, Трајковски ни пиша дека „станува збор за грешка“, но одби да одговори дали фотографијата е автентична, дали бил во Будимпешта и дали се сретнал со експремиерот Груевски.

СЈО досега нема побарано мерки за обезбедување на обвинетиот Трајковски, односно не му е одземен пасошот. Тој во понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.

Дел унгарски новинари веќе ја споделуваат фотографијата на Фејсбук и на Твитер. Тие за „Макфакс“ велат дека ќе се обидат да лоцираат каде престојува Груевски во Будимпешта.

Фотографијата е направена на локација во центарот на Будимпешта, каде што има безброј кафулиња, хотели и продавници за облека. Тој дел од Будимпешта е познат по тоа што таму најчесто престојуваат туристи.

Груевски избега од Македонија пред точно еден месец и експресно доби азил во Унгарија. МВР се уште нема објаснето како експремиерот осуден на двегодишна казна затвор ја напуштил земјава.

Засега, се е сведено на шпекулации, од кои дел се дека Груевски престојува во хотел, а го чува обезбедување.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он