На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите в петок

Од:

По примерот на Хрватска, на социјалните медиуми се појавија повици в петок граѓаните во земјава да не пазарат во маркетите поради високите цени, а деновиве оваа акција се проширува и на други балкански земји како Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Организацијата на потрошувачите на Македонија, иако не е организатор на овие активности, ги поддржува повиците за бојкот, особено што, како што вели нејзината претседателка Мирјана Лончар, граѓаните секојдневно се соочуваат со зголемување на цените на прехранбените производи.

– Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено на прехранбените производи бидејќи тие се навистина поскапени, вели Лончар.

Одите во продавница, особено во големите супермаркети, вели Лончар, и не знаете која цена ќе ве пречека.

– Иако знаеме како се формираат цените на производите сепак постои нешто што се вика стандард на граѓаните. Се надеваме дека Владата ќе ги поддржи граѓаните и ќе се направи нешто подолгорочно. На пример пролетна кошничка која би важела три месеци наместо еден, вели Лончар.

Таа потенцира дека за намалување на цените треба да се земат цените на производите од ноември минатата година.

Втората мерка што ја предлага претседателката на Организацијата на потрошувачи е да се провери дали големите ланци на супермаркети имаат меѓусебен договор во однос на зголемувањето на цените. Според Лончар, мерките што би се преземале треба да бидат утврдени заедно со синдикатите и Организацијата на потрошувачите на Македонија.

Претпладнево се огласи и опозициската СДСМ, која како што стои во нивното соопштение, акцијата за бојкот на маркетите се прелева и кај нас бидејќи Владата не ги заштитила граѓаните од зголемувањето на цените.

Би можело да ве интересира

Цените на храната неразумно растат на Балканот, но и во цела Европа

Премиерот немал информации за повисоки цени во маркетите, ако се случи тоа ќе има мерки за до крајот од годината

Дурмиши најавува ограничување на маржите за речиси сите производи

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Маркетите од петок ќе ги мора да ги објавуваат цените на веб страниците

Катерина Ѓуровски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски