Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Од:

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.

Како што се наведува во соопштението на АХВ, со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.

-Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека кај шест од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.

Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).

Би можело да ве интересира

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

ТИНЕКС ОСТАНУВА ТИНЕКС!

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

Рударските инженери повторно стануваат дефицитарна професија: САД бараат 6.000 нови кадри