А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

На Работните групи усогласена измена на Законот за медиуми за насилство врв новинарите

by А1он20/11/2015 - 12:3820/11/2015 - 13:16139
Share0

Во Законот за медиуми ќе биде вметнат член кој се однесува на насилство врз новинарите. Ова е прв усогласен член кој се очекува да стане дел од Законот, кој дошол како предлог на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на разговорите за медиумите на Работните групи што се одвиваат во Клубот на пратениците.

Добивај вести на вибер

По членот 8 во Законот ќе се додаде нова глава која гласи: Заштита на новинар.

Членот 8 – а гласи:

(1) Секој новинар мора да биде заштитен од физички закани или напади.

(2) Кога постојат сериозни индиции дека на новинар може да му биде загрозена неговата безбедност, треба да му биде обезбедена полициска заштита.

(3) Јавното обвинителство и судовите во Република Македонија навремено и соодветно постапуваат во случаите кога новинар добил физички закани или бил физички нападнат.

Разговорите на претставниците на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за медиумите продолжуваат и денеска во Клубот на пратениците. Посредникот во разговорите Питер Ванхауте пред почетокот на средбата рече дека очекува до крајот на следната недела да бидат донесени соодветните измени на законите кои се однесуваат на медиумската сфера и со тоа да завршат разговорите за овој дел од Договорот во Пржино.

przino

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он26/04/2022 - 16:10

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он01/04/2022 - 19:5001/04/2022 - 21:00

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов01/04/2022 - 17:4001/04/2022 - 19:49

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски22/03/2018 - 14:25

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски01/12/2017 - 19:26

Пожар во Пржино

Наум Локоски01/12/2017 - 17:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен