На новогодишната ноќ до -15 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, а ќе има и повремени врнежи од снег со слаб интензитет особено во јужните делови од земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе има извесно намалување на облачноста.

Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус пет, а дневната од минус осум до минус еден степен.

Во Скопје во текот на денот ќе има намалување на облачноста и ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус девет, а дневната ќе се искачи до минус четири степени.

Во текот на новогодишната ноќ ќе се задржи умерено облачно и доста студено време. Температурата во земјава ќе се движи од минус 15 до минус четири, а во Скопје до минус девет степени. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер.

Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти од -20 до -11 степени. Дневната температура, пак, од петок ќе биде во постепен благ пораст и за време на викендот ќе достигнува од -5 до 5 степени.

До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на голомразица. Ќе дува северен ветер повеќе изразен на повисоките места и на планините.

Од сабота се очекува постепено затоплување, односно покачување на дневната и на утринската температура.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска