На ГП Богородица и Табановце се чека од 10 до 30 минути

Од:

На Граничниот премин Богородица за влез и излез од државава се чека од 10 до 20 минути додека на ГП Табановце од 20 до 30 минути.

Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничните премини Богородица и Табановце.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од Виадукт Трејд известуваваат дека од 10 септември 2019 година ќе се започнат со изведување градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1303, делница: Барбарос – Македонски Брод – Кичево, во временски период од 30 календарски денови.

Би можело да ве интересира

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

„Падна“ компјутерскиот систем на граничните премини во Србија

Горан Наумовски