А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

На функционерите од ДУИ им „побегна“ авионот за владиното роуд шоу?

by А1он30/08/2012 - 11:1930/08/2012 - 17:14206
Share0

Дали на министрите и претставниците на ДУИ, авионот за најновото роуд шоу на Владата им „побегна“, или пак Слупчане и законот за бранителите си го направија своето.

Добивај вести на вибер

Невообичаено досега, но во владиониот авион имаше место за сите, министри, кабинети, советници, но не и пример за министерот за економија Ваљон Сарачини и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида. Нив ги нема, а целта е привлекување странски инвеститори.

Официјално, и Сарачини и Фида имале други задачи и обврски дома, но сепак од ДУИ не кријат дека разнишаните односи во владиниот двор се причина за ова.

По настанот во Слупчане, кога министерот за одбрана Фатмир Бесими, со униформирани лица на АРМ , се поклони пред споменикот на ОНА, премерот Груевски изјави дека нема да дозволи да се гази македонското достоинство, потврди дека криза во колаицијата има, и дека е подготвен и на предвремени избори.

Од министерството за одбрана и заменик министерот стигаат дисонантни тонови и спротивни реакции.

Груевски не го ни поздрави Бесими на Денот на АРМ.

Односите дополнително се заладија, откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави Закон за бранителите. ДУИ се закани дека ќе ја напушти владината коалиција ако привилегиите не важат и за припадниците на ОНА. ВМРО-ДПМНЕ не се откажува, законот е на седница на 10-ти септември, а комисиската расправа е наредната недела. Спикерот Велјаноски известил дека матична е Комисијата за труд и социјална политика.

duivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:04

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он24/02/2026 - 17:1524/02/2026 - 17:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен