ВИДЕО: На ЕНЕР коментари за сите документи што ги подготвуваат институциите

Од:

Извршена е надградба на Единствениот национален регистар на прописи- ЕНЕР и преку него може да се вршат консултации со граѓаните, невладините организации, бизнис секторот… за сите типови документи што ги подготвуваат министерствата, како што се стратегии, акциски планови, а не само за предлог закони како досега. Овозможено е и електронско поднесување иницијативи за закони или општи предлози до институциите, а има и дел за тематски дебати односно почнување он лајн дискусии важни како за министерствата така и за граѓаните во процесот на креирање на политики.

dobivaj vesti na viber

Министерот за информатичко општетсво и администрација денеска информираше дека со четвртата надградба на електронската алатка што функционира 10 години се овозможува двонасочна комуникација со сите засегнати страни.

Можноста што платформата на ЕНЕР ја нуди во изминатите 10 години, укажа, ресорниот министер, е од огромно значење за целокупниот процес на консултации и подготвувањето на регулативата. Зголемениот рок за коментирање на ЕНЕР резултирал со зголемен пораст на бројот на посети на ЕНЕР од 90.000 во 2014 на 2.360.482 годинава.

-Новиот ЕНЕР покрај новиот дизајн нуди и современи и практични модули. До сега беше возможна само комуникација на предлог закони. Со надградбата овозможуваме комуникација и на останатите материјали што институциите ги подготвуваат. Направените измени и надградби овозможуваат на граѓаните континуирано да учествуваат во процесот на креирање на политики. Единствено преку транспарентност и учество на засегнатите страни може да се обезбеди ефикасно креирање на политики, рече Манчевски.

Тој апелира до сите институции да го користат ЕНЕР, редовно да ги ажурираат новините во својата област на работење, да бидат подостапни за јавноста и граѓаните кои сакаат да се вклучат во процесите. – На тој начин, ќе се зголеми степенот на транспарентноста на институциите на системот, а истовремено ќе поттикнеме дискусии, предлози и содржини, кои квалитетно можат да влијаат во креирањето на политиките, посочи Манчевски.

Како што наведе, ќе се размисли преку ЕНЕР да се доставуават предлози и за подзаконски акти, што како можност ја иницираат од Здружението на млади правници.

Надградениот систем на ЕНЕР е поврзан и со социјални медиуми, што ќе овозможи споделување на содржина од објавени прописи, документи и иницијативи од ЕНЕР на социјалните мрежи. Преку него ќе се објавуваат содржини од други веб-страници со цел доближување на анализи подготвени од невладини организации и вклучување на засегнати страни до корисниците на ЕНЕР, како и анализи со прикази на состојба, објави и активности на корисниците во однос на содржините достапни на оваа алатка.

Би можело да ве интересира

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он

Шаќири: Буџетот на МИОА за 2022 изнесува 1.323.684.000 денари

Ана Ололовска

Шаќири: Мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот

А1он

Шаќири: Еден заеднички и отворен пазар на труд уште повеќе ќе го поврзe регионот на Западен Балкан

А1он

Шаќири: Ревизија на системот на дискрециските овластувања при вработувањата

А1он