На Деве Баир запленето злато во вредност од девет милиони денари

Од:

Во текот на денешниот ден при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во Македонија, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и 1 автобус.

„Имено, околу 6 часот на ГП Деве Баир, за влез во државата се пријавил автобус марка Mercedes 0403 со македонски регистарски ознаки SK 4662 BB, управувано од лицето Т. Д. од Република Турција. При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит, со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9.000.000,00 денари или 146.341 ЕУР“, информираат од Царина.

Стокaта и автобусот се привремено задржани со Потврдa за привремено одземени предмети и заедно со лицето се предадени на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицајци на „Блаце“ лажно запишувале влез на Турци кои воопшто не ја поминале границата

Катерина Ѓуровски

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Царинска управа: Запленето e злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

Резервите на злато во Србија се 38,5 тони, Македонија со 6,8 тони е втора во регионот

Орце Костов

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 килограм накит и злато во нивните возила

Германец и Албанка фатени со над 50 килограми марихуана на „Деве Баир“

Катерина Ѓуровски