На денешен ден е убиен Ѓорче Петров

Од:

Професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација – Ѓорѓија Петров Николов или Ѓорче Петров е убиен на денешен ден во Софија, Бугарија, пред точно 91 година.

Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев. Иако не го поддржувал тој сепак учествувал во Илинденското востание и предводел чета во Прилепско и во Мариовско.

По „Илинден“ останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија.

Заради своите чисто македонски позиции станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на врховистите.

Конечно, како една од целите на братоубиствената политика во Бугарија на 28 јуни 1921 година бил убиен од платениците на Тодор Александров среде Софија.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ