На 11 мај продолжува судењето за „Двојник“

Од:

Судењето за издавањето на пасоши за случајот „Двојник” против тројца обвинети продолжува на 11 мај.

Судот денеска ја раздвои постапката за Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Владичевска, откако седум од првично обвинетите 11 лица за случајот признаа вина, а една обвинета преднајави признание на вина.

Пред судот денеска вина признаа двајца вработени во МВР, а на претходното рочиште еден посредник и четворица вработени во МВР.

Судот денеска им изрече казна затвор од две години и пет месеци на Оливера Софрониевска и казна затвор од година и седум месеци на Шемседин Јашари.

Тие се гонат за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години.

Судот на првото рочиште ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години.

Судот на Раиф Мифтари, кој исто така, призна вина му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување.

Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Според обвинението за случајот „Двојник,“ во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.

Би можело да ве интересира

Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор

Случај Двојник: Три години затвор за Буки, условни казни за Колевска и Шпишиќ

Катерина Павлова-Николовска

Пресуда за случајот „Двојник” на 11 јуни

Ана Ололовска

Обвинителството побара осудителна, а одбраната ослободителна пресуда во случајот „Двојник“

Ана Ололовска

Две години и пет месеци затвор за една од обвинетите вработени во МВР која призна вина во „Двојник“

Ана Ололовска

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Ана Ололовска