Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор

Од:

Судскиот случај „Двојник” заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник”.

Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање на патни исправи со лажен идентитет казна затвор им беше изречена и на Денис Баруфи (2 години и 7 месеци), Ален Личина (2 години и 3 месеци), Раиф Мифтари (2 години и 3 месеци), Ѓорѓе Велков (2 години), Оливера Софрониева (2 години и 5 месеци) и Шемседин Јашари (1 година и 7 месеци).

Судијката Оља Ристова, при изрекување на пресудите наведе дека со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, е нарушен интегритетот и безбедноста на државата. Според Обвинителството, тие во период од јуни 2017 година, па до крајот на 2020 година, правеле лажни исправи со намера да се употребат како вистински. Како застапник на обвинението во овој случај беше јавната обвинителка Спасенка Андонова.

Обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Случај Двојник: Три години затвор за Буки, условни казни за Колевска и Шпишиќ

Катерина Павлова-Николовска

Пресуда за случајот „Двојник” на 11 јуни

Ана Ололовска

Обвинителството побара осудителна, а одбраната ослободителна пресуда во случајот „Двојник“

Ана Ололовска

На 11 мај продолжува судењето за „Двојник“

Ана Ололовска

Две години и пет месеци затвор за една од обвинетите вработени во МВР која призна вина во „Двојник“

Ана Ололовска

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Ана Ололовска